Членски книшки за 100 нови членови во Кисела Вода

31.01.2014

Членски книшки за 100 нови членови во Кисела Вода 

Во сабота, 01.02.2014 година, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ќе се обрати пред ново примените членови во партијата. Во изминатава година на Демократскиот Сојуз на Кисела Вода и пристапија над 100 нови членови, на кои во 12:00 часот во Салата на Советот на Општина Кисела Вода, ќе им бидат врачени членските книшки. 

Со политика на отворени врати и со демократска платформа за општествени и економски промени, Демократскиот сојуз го афирмира својот концепт за сите што сакаат политичко ангажирање.

На овој свечен настан, претседателот на ДС, Павле Трајанов, ќе даде изјава за медиумите.

partners partners partners partners partners partners