ВЛАДАТА ИТНО ДА ГО ЗАШТИТИ КУЛТУРНОТО И ПРИРОДНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

22.03.2021

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВЛАДАТА ИТНО ДА ГО ЗАШТИТИ КУЛТУРНОТО И ПРИРОДНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН


Демократскиот сојуз и изразува поддршка на министерката за култура Ирена Стефоска да побара од Владата да ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга во делот на заштитата на културното и природното наследство поради непридржување кон стандардите на УНЕСКО.

Веќе подолго време е евидентно дека општините Охрид и Струга и покрај апелите од Владата и ветувањата на градоначалниците не ги остваруваат своите надлежности во делот на заштитата на културното и природното наследство, особено со толерирањето на дивоградбите и несовесното одобрување на градби кои ја загрозуваат животната средина и му нанесуваат трајна и непоправлива штета на културното и природното наследство на охридскиот регион.

Последен во низата настани е уривањето на објектот ресторан „Парк“ во Охрид, кој се наоѓа на 50 метри од самиот езерски брег, каде што со најновите градежни активности треба да никне неколкукратно погабаритен објект – голем хотелски капацитет, кој е спротивен на препораките на мониторинг мисиите на УНЕСКО, според кои треба да се запре со секаква урбана крајбрежна трансформација.

Поради опасноста ваквите активности да придонесат Охридскиот регион да го изгуби статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО, Демократскиот сојуз ја повикува Владата да преземе итни и неодложни мерки за заштита на природното и културното наследство во општините Охрид и Струга и истовремено ја охрабрува министерката да ги повика на одговорност Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид и Управата за заштита на културното наследство.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners