(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ ЗА ЦИВИЛ: ПРВИОТ ЧИН ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

06.06.2018

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ ЗА ЦИВИЛ: ПРВИОТ ЧИН ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Полека Република Македонија западна во еден зимски сон, и ако не се некои од невладините организации или некои од колумнистите не можеме да се пробудиме, но мислам дека изјавата на претседателот на Владата, Зоран Заев, дека новото име ќе биде Илинденска Македонија, прилично сите не шокираше, и почна да се раздвижува државата или сите ние.

Треба да и се сугерира на Владата да се направи една работна група која што ќе работи на промена на Уставот на Република Македонија, и дека не може постојано да бидеме во криза и да викаме дека Уставот е добар, а лоши се другите решенија. Нема да има длабоки и суштински реформи доколку не се променат одредени решенија во Уставот, врзани за судството, за улогата и позицијата на Претседателот на државата кои што смета дека неговите уставни овластувања треба во голема мера да се редуцираат и треба да се зајакне самостојноста на Уставниот суд, да нема политичко влијание врз него.

Една од крупните промени, за да не ни се случи повторно да сите ние сега да поддржиме нов авторитарен систем и лидер, затоа што системот во Република Македонија, претседателот на партијата што владее сите работи тој ги решава и сите што имаат какви било идеи, сите патишта водат кон Претседателот на Владата.

Еден од крупните промени кои можат да придонесат за демократизација на државата е изборниот модел, и овој модел како што функционира сега покажува дека ги фаворизира големите партии и дека помалите политички партии немаат шанса.„Постојниот изборен закон ги фаворизира првите најголеми четири политички партии.

Тие од 1 до 4 се ставаат на гласачкото ливче, имаат две третини од медиумското време, па билборди, вклучување само од кај нив членови  во избирачки одбори, изборни комисии, па се до централна изборна комисија.

Целиот концепт е конструиран да не може да ја наруши удобноста на една или друга политичка партија, зависно која е на власт, која е во опозиција, и тие две партии имаат непишан договор ако се појави нова сила или групација, да направат се таа да биде ослабната.

Прв чин на демократизација на Македонија или реален одраз на гласачите, ќе биде доколку Македонија има една изборна единица, и дека обврска на невладиниот сектор, медиумите и експертите e да притискаат Македонија на следните избори да биде една изборна единица.

Извор: Цивил

Последни Активности

22.01.2019

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.

прочитај повеќе...

20.01.2019

Демократски сојуз: Најостра осуда за нападот на новинарот на Канал 5

Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на Мирјана Мирчевска Јовановиќ, новинарка на ТВ Канал 5, на која и се нанесени телесни повреди, а повеќе новинари  се спречени да ја извршуваат својата професионална работа.

прочитај повеќе...

20.01.2019

Демократски сојуз: Да се послуша гласот на пазарџиите

Демократскиот сојуз оценува дека имплементацијата на Законот за зелените пазари е без претходна подготовка и консултација со еснавските асоцијации и пазарџиите.

прочитај повеќе...

19.01.2019

Демократски сојуз: Да се откријат загадувачите на Скопје

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните државни институции да направат вонредни контроли над индустриските капацитети (УСЈЕ и др.), како и над Депонијата ДРИСЛА, се со цел да се откријат загадувачите на воздухот.

прочитај повеќе...

12.01.2019

Демократски сојуз: Поглед кон иднината

Демократскиот дојуз смета дека со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners