10.07.2020
VI-ти Конгрес на Демократскиот сојуз
Утре, 11.07.2020 година (сабота), Демократскиот сојуз, ќе го одржи VI- тиот Конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на Демократскиот сојуз во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности.
На Конгресот ќе бидат избрани партиските органи и тела (Централен Совет и др.), како и претседател на Демократскиот сојуз.
На Конгресот ќе учествуваат голем број на делегати и гости.
Конгресот ќе се одржи на отворено, пред хотелот Белви, на излезот од Скопје кон Куманово, со почеток во 11:00 часот.
Конгресот ќе се одржи согласно здравствените протоколи и заштитните мерки.
Ве покануваме да присуствувате.