СОФИЈА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, А НЕ ДА УЦЕНУВА

11.09.2020

СОФИЈА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, А НЕ ДА УЦЕНУВА

 

Демократскиот сојуз смета дека ставот на потпретседателот на бугарската влада, Красимир Каракачанов, дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ, што треба да се случи до крајот на оваа година, доколку комисијата за историски прашања дотогаш не изнајде решение за спорните прашања, не е во духот на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји, ниту пак во духот на европските вредности и стандарди.  Меѓувладината комисија треба да се остави да работи без политички притисоци, а уцените за брзи резултати и попуштање од македонска страна за историјата и споредбите со нашите компромиси со Грција за знамето и за името се непримерни и неприфатливи.

Демократскиот сојуз верува дека изнаоѓањето заеднички јазик за она што го спори официјална Софија е можно само доколку толкувањата на историските факти се ослободат од политичките митологии и шовинизми во соседна Бугарија за непостоењето на македонскиот јазик и идентитет низ историјата и ексклузивното присвојување на личностите важни за Македонија од бугарска страна. Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно движење а неговиот изворен идентитет е борбата за ослободување на Македонија од османлиското ропство. Историските околности на непостоење македонска држава се до крајот на Втората светска војна, некоректно и ненаучно е да се користат за негирање на македонскиот идентитет.

Само со меѓусебно почитување, признание и разбирање на историскиот контекст може да се надминат вештачки наметнатите спорови. Бугарија нема да добие ништо доколку Македонците и граѓаните на Македонија се чувствуваат поразени и понижени од едностраното решение за историските спорови во полза на Софија. Европската унија е заедница на рамноправни народи и граѓани и Македонците со право очекуваат таков третман од нашите бугарски соседи. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners