Прилепчани бараат откуп на тутунот

28.11.2015

Прилепчани бараат откуп на тутунот

На средбата со граѓаните во Прилеп пратеникот Павле Трајанов зборуваше за актуелната политичка состојба, при што нагласи дека имплементацијата на Договорот од Пржино создава почетни услови за градење на единство во државата и владеење на правото, посебно од апсект на одговорност на генераторите на кризата.

Во реформите на медиумите клучна улога мора да имаат новинарите. Преку  медиумите граѓаните да бидат објективно информирани. Тоа е неопходно за да на 24.04.2016 година донесат правилен суд и да започнат системски промени битни за просперитетот на граѓаните и државата. 


На трибината граѓаните се интересираа за бегалската криза, за тоа кога ќе отпочне откупот на тутунот, за невработеноста и иселувањето на младите во странство, за статусот на голем број на граѓани кои завршиле Факултет за безбедност, како и за политичката криза која се одразува на целокупниот живот, посебно на интересот на граѓаните.

На крајот на средбата Трајанов посочи, дека „ Демократскиот сојуз е партија со автентична политичка програма и дека се подготвува за самостоен настап на претстојните парламентарни избори, како одговор на барањата на граѓаните“.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners