Павле Трајанов: Поради “виша сила“ (Vis maior) пописот да се одложи

27.03.2021

Прес конференција

Павле Трајанов: Поради “виша сила“ (Vis maior) пописот да се одложи

На прес конференцијата, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со пописот, предложи:

Прво, пописот да се одложи најмалку до месец јуни или на неопределено време.

Второ, да се обезбеди политички консензус за времето на одржување на истиот.

Трето, во меѓувреме попишувачите да се вакцинираат.

Демократскиот сојуз предлага одложување на пописот поради тоа што: се влошува епидемиолошката состојба, вирусот се шири, има голем број на заразени, здравствените капацитети се исполнети, со имунизацијата се касни (нема вакцини), иселениците, Македонци досега не се попишаа, голем број на граѓани најавуваат дека нема да ги примат попишувачите во своите домови, опозициските партии од македонскиот блок бараат одложување или негово бојкотирање.

Сето ова укажува дека пописот нема да биде успешен, а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност.

Затоа предлагаме Владата да направи анализа на состојбите и донесе одлука за одложување на пописот и предложи Парламентот да донесе Закон за одложување на истиот.

Инаку сигурни сме во тоа дека пописот е значајна статистичка операција, државата го спроведува, но за успешно завршување на истата неопходен е граѓански и политички консензус.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners