Малите партии го доставија Законот за една изборна единица: Време е Малите партии го доставија Законот за една изборна единица: Време е да се урнe еднопартискиот монопол кој владее 30 години да се урнe еднопартискиот монопол кој владее 30 години

05.03.2021

Малите партии го доставија Законот за една изборна единица: Време е Малите партии го доставија Законот за една изборна единица: Време е да се урнe еднопартискиот монопол кој владее 30 години да се урнe еднопартискиот монопол кој владее 30 години

Пратеници од Демократскиот Сојуз, Левица, ВМРО Народна партија, Партија за движење на Турците и пратеникот Панчо Минов го ставија својот потпис на предлог Законот за измени и дополнување на Изборниот законик со кој се предлага Македонија да стане една изборна единица. Со измените на Законот се предвидува да биде запазен пропорционалнот модел, без изборен праг, а пресметката за влез на избраните пратеници да се врши по Донтов модел. Засега зад измените за една изборна единица поддршка даваат околу 20 пратеници рече претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов, и најави дека во следниот период очекува бројот на пратениците кои ќе го поддржат да се зголемува.

“Со измените на Изборниот законик, дефинитивно се демонтира еднопартискиот систем, се руши монополот на партиите кои 30 години владеат во државата, се создаваат услови за системски промени, развој на демократијата, борба против криминалот и корупцијата. Законот ќе овозможи одраз на волјата на граѓаните и основа за промени” порача Трајанов на прес – конференција од Собранието.

Трајанов додава дека овој пат процесот ќе го туркаат до крај и при тоа побара СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да го подржат кои начелно се изјасниле дека се за.

”Тие имаат некоја работна група и таму ги усогласуваат ставовите и околу оваа прашање. Сакам да верувам во нивните намери за промени, затоа што се инсистира овој закон да го донесеме со консензус. Но, како и да има 34 пратеници кои се од малите партии без оглед во која коалиција се во Собранието и ако бидеме единствени можеме да извршиме посилен притисок. Нашата заложба е да има широк опфат на учесници и да биде поддржан и од опозицијата првенствено”, додаде Трајанов.

Меѓу пратениците кои застанаа зад Законот се и пратениците на Левица, при што Димитар Апасиев најави дека ќе дадат поддршка бидејќи според него со постоечкиот изборен модел ова партија изгубила три пратеници.
Како што најавија предлагичите за измените на законот поддршка ветиле и од партијата Беса, а очекуваат подршка и од пратеници на Алтернатива на Африм Гаши.

 

Извор: А1on



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners