Коaлиција за промени и правда: Имаме голема поддршка

03.12.2016

Коaлиција за промени и правда: Имаме голема поддршка 


На митингот на Коалицијата за Промени и правда ,во Радовиш, Павле Трајанов,лидер на Демократскиот сојуз, ги повика Радовишани,да излезат и да гласаат за кандидатите на Коалицијата, да гласаат за Слободан Богоески,еден од втемелувачите на самостојна Македонија.

Нека прават политички инжинеринг и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,со наместени анкети. Оваа коалиција е со народот и многу добро знаеме дека народот не поддржува во нашата цврста определба да го срушиме режимот и да обезбедиме стабилност, сплотеност и единство, како услови за младите да останат во Македонија.

Со економската програма предвидуваме 800 милиони евра за развој и 2% од Буџетот за младите.

Имаме стратегија за изедначување на условите за бизнис на домашните и странски компании, отворање на 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат над 100.000 млади квалификувани кадри. Само со отворање на нови фирми и фабрики, ќе се полнат фондовите и ќе има услови за најниската пензија да изнесува 200 евра.

Имаме најсериозен проект за борба против криминалот,и сигурни сме дека криминалците од власта ќе одговараат, ќе се конфискува криминално стекнатиот имот и ќе се врати на граѓаните. Над 6 милијарди евра ќе ги вратиме на граѓаните, рече Трајанов.

Укинување на екстерното тестирање, укинување на радиодифузната такса,100 денара судска такса за остварување на право пред суд, намалување на паричните казни за две третини ,се дел од конкретните мерки за кои треба само волја и знаење,но не и пари.

Слободан Богоески вети дека криминалците каде и да бегаат ќе ги вратиме назад, поентирајќи дека не се плаши и дека режимот ќе падне.

Овој режим се потпира на поданици и манипулативни медиуми,а ние на народот,затоа сме силни и чекориме напред. Колку сакате делете народни пари, народот ќе ве казни и сите вие ќе завршите во Бизнис центарот во Идризово што го најави Трајанов, нгласи Богоески.

На митингот зборуваше и Стојанче Спасов и Драгана Букилица. Ние сме сигурни дека ќе имаме доволен број пратеници, без кои нема да можат да се носат круцијалните одлуки, битни за државата и граѓаните, рече Павле Трајанов.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners