Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: „ВОЈНА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ“

02.12.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: „ВОЈНА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ“


Денес, Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници во првата- Скопска изборна единица разговараше со поголем број на граѓани од Аеродром, при што ги презентираше и  приоритетите од Изборната програма нa Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.

На прес конференцијата го промовираше проектот ДЕКРИ, со кој се објавува "ВОЈНА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ"Трајанов нагласи : „Веднаш по изборите ќе формираме Агенција за борба против организираниот криминал, чиј директор со мандат од седум години ќе го избира Парламентот со двотретинско мнозинство на предлог на независно тело составено од универзитетски професори, новинари, претставници од граѓанскиот сектор, експерти и др“.

Агенцијата ќе работи на откривање на скриениот капитал на функционерите и на сите други вклучени во тешки облици на организиран криминал.

Во законита суска постапка, криминално стекнатиот капитал, ќе се конфискува и преку посебен фонд со кој ќе управуваат граѓаните, ќе се враќаат украдените пари, токму на граѓаните.

Проценките се дека од Македонија се извлечени околу 30 милијарди евра од кои над 5 милијарди евра во последните 10 години. Овие пари се на контата на функционери, актуелни и поранешни, како и на контата на бизнис елитата односно олигарсите во Македонија.

Враќањето на капиталот во матичните земји од каде потекнува е и во согласност со дир ективите на ЕУ.

Сите пари не можат да се вратат,  но можно е  најмалку 6 милијарди, да се конфискуваат и вратат на граѓаните.

Со проектот се предвидува заострување и на казните и изрекување на заштитна мерка, забрана на политичко дејствување и извршување функција од најмалку 10 година.

Со реформите на безбедносните служби, се предвидува формирање Совет за национална безбедност, укинување на полициските овластувања на УБК и формирање на Оперативно технички центар(прислусхен) под директна контрола на Парламентот.

Дел од реформите се и враќањето на позорникарите-полицајци, во населбите, и во функција на поголема заштита на имотот и зголемување на безбедноста во целина.

Павле Трајанов ги повика сите граѓани, посебно неопределените и тие што воопшто досега не гласале, да гласат за број 5, да гласат за кандидатите за пратеници на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners