Коалиција за Промени и Правда: Александар Делов во посета на Битола

09.12.2016

Коалиција за Промени и Правда: Александар Делов во посета на Битола

Ние од Коалицијата за Промени и Правда последниот ден од кампањата го завршуваме овде на пазарот, на местото каде почнува и завршува се.

На местото кое дава најреална слика на животот, на стандардот, на луѓето.

Од тука се храниме, од тука живееме.

Овде земјата ја благословуваме што не храни.

Пазарџиите нудат ама купувачите имаат се помалку и помалку пари за да можат да си дозволат  да си купат се што им треба.

Велат дека им скапува робата зашто не можат да ја продадат.

Велат дека има денови кога си одат дома со 100 денари.

Некогаш немаат пари ни да си ја платат киријата за тезгите, а условите се на најниско ниво.

И додека владеачката партија дивее во резиденции со најскапи мермери, виртражи, фотељи од по неколку илјади евра, овде народот се мачи, мрзни и си заминува дома без пари.

Од ова место ќе испратам порака: Кој не знае да го цени и благословува орачот, земјоделецот, оној што те храни, тој велат не знае да води држава.

Сето ова бара подлабоки системски решенија, на кои ние во нашата програма ставивме посебен акцент.

Рационалното искористување на водостопанските системи, воведувањето на високи технологии во земјоделието, формирањето на советодавни подрачни служби за консултантски услуги, ефективност при субвенционирањето и многу други работи, се со цел да се олесни производството, да се зголеми продуктивноста, а со тоа да се добие поефтин производ  што значи подобар пласман .

Затоа Ве повикувам на 11ти, масовно да излезете на гласање, да го дадете својот глас за бројот 5 за Kоалицијата за Промени и Правда што значи рушење на овај башибузук со панорамски тркала и бароци, рушење на овај систем на феудално владеење со државата.

Гласајте за темелни реформи, домаќинско и одговорно работење.

Ве повикувам да немате страв никој не може да ве контролира на гласачката кутија, режимот е веќе срушен.

Нека не ве лажат со измислени анкети, како се движиме, народот се повеќе и повеќе ни се приклучува и не поддржува.

Наша е одговорноста, а во Вас е силата!



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners