Интервју на Павле Трајанов за Стандард: Треба да се отвори тематска расправа за реформите во УБК

22.10.2015

Интервју на Павле Трајанов за Стандард: Треба да се отвори тематска расправа за реформите во УБК

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов на предвремените избори во април ќе цели кон гласовите на неопределените. Ќе бидат отворени за формирање на нова политичка сила во која може да се вклучат други политички партии, граѓански движења и експерти.

-Можеме да бидеме стожер, но немаме лидерски амбиции во овој нов политички блок-вели партискиот лидер Павле Трајанов, пратеник и поранешен министер за внатрешни работи со кого разговаравме за тоа како граѓаните да се заштитат од незаконско прислушување, за посетата на Зоран Заев на Израел, но и за инцидентот со Сашо Мијалов на аеродромот во Белград.

По долго време во Собранието се обрати шеф на УБК очигледно под притисок на извештајот на Прибе и полтичката криза. Ако до вчера пратениците не можеа да припарат до УБК, сега директорот Андоновски зборува како ќе се менуваат закони, ќе се прават компаративни анализи, дека опремата можно е да стои кај Обвинителот. Колку време според Вас би траеле реформите и кој е најдобриот начин да се заштитат граѓаните од масовно прислушување?

-Генерално она што го најавуваат не се суштински реформи, туку обид да се одговори на барањата од Прибе. Не гледам дека има некои системски промени кои ќе обезбедат поефикасно работење на службите во функција на поголема безбедност на државата но и во насока да се обезбеди суштинска цивилна контрола на службите за безбедност.

Треба да се отвори тематска расправа за тоа во кој правец да се движат реформите. Прво, јас сугерирам да се донесе нов закон за основање на систем за безбедност на државата во кој меѓу другото ќе се предвиди да се формира Совет за национална безбедност кој би го сочинувалле главно експерти. Таму би требало да се слеваат сите безбедносни информации.

Вториот аспект е тоа што се кршат човековите права така што треба да има еден оперативно-техничкиот центар под контрола на парламентот. Тој треба да функционира исклучиво по налог на судија кога се работи за следење на комуникациите. На тој начин ќе се изолира од можни политички влијанија и злоупотреба на техничките системи. И трето, што е клучно, е цивилната контрола каде мора да се предивиди механизам за да нема парада како што гледаме сега. Во моментов имаме повеќе меѓупартиски обвинувања, отколку методологија изградена со вклучување на експерти кои можат да направат суштинска контрола за да се даде одговор дали се кршат човековите права и слободи.

Постојат ли гаранции дека опремата за прислушување нема да биде злоупотребена за избори?

-Во МВР ќе има кохабитација меѓу СДСМ и ВМРО и веројатно ќе се избере механизам за меѓусебна контрола. Министерот може да изгради систем за тоа за кои цели и потреби ќе се активираат техничките служби за прислушување.

Можеме ли да бидеме сигурни дека сега не не прислушуваат?

-Таква гаранција засега нема затоа што информациите велат дека и понатаму одредени структури вршат силен притисок и бараат механизам како да направат да можат да ги користат услугите на овој прислушен центар. Според моите информации, има силни отпори и коментари во овие сервиси дека не се подготвени да работат под налог на неформални центри на моќ во државата.

Бевте министер за внатрешни работи, сега сте пратеник, а до скоро бевте дел од владејачката коалција. Дали мислите до завршување на мандатот на Јанева би можеле да паднат „крупни риби“?

-Тука се клучни две работи – прво ќе има министер од опозиција кој ќе може целокупниот потенцијал и оперативните служби да ги вклучи во собирање на докази и во соработка со специјалниот јавен обвинител, да подготват одредени кривични пријави и потоа да се покрене обвинение. Неспорно е дека државата се криминализира, неспорно е и дека има доволно материјални докази кои беа на дофат на актуелниот јавен обвинител, но тој како партиски војник не беше заинтересиран да превземе било какви активности. Верувам дека треба сите кои на еден или друг начин беа поврзани со кршење на човековите права или инволвираност во тешки облизи на криминал да не ја попречуваат  работата на јавниот обвинител.

Може ли да се изврши конфискација на имотот што е стекнат на нелегален начин, она што е префрлано на туѓо име?

-Ние уште во 2005 година подготвивме проект „Војна против криминалот“ и можеби четири до пет пати го имаме понудено во парламентот, но ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не прифаќаат да расправаат за тоа. Предвидено е да се детектира скриениот капитал и да се  изрече мерката конфискација, како и да нема застарување на тешки облици на организиран криминал. И тогаш и сега двете партии се против. Треба да се создаде политичка клима и ако се дојде до такви информации и докази, имотот да биде конфискуван и да им биде вратен на граѓаните.
Посетата на Зоран Заев на Израел предизвика меѓупартиски препукувања. Владејачката партија со очигледна нервоза побараа да каже со кого се сретнал.

Како гледате Вие на посетата на Заев во Израел која се случува за време на политичка криза и по објавување на „бомбата“ за провизијата при купување на опрема за прислушување од оваа држава?

-Посетата е повеќе протоколарна затоа што се работи за претседател на партија во опозиција и тој не може да зборува за прашањаPavle_Trajanov_2 кои би требало да зборува претседател на влада или на држава, но сепак би можел да зборува за унапредување на односите меѓу двете држави. Мислам дека во најавите за неговата посета имаше недоволна претпазливост така што одредени изјави беа искористени од власта преку медиумите кои се под нивна директна контрола. Инаку, во нормална држава таква посета би била поздравена. Заев, од друга стрна, даваше изјави не кореспондираа со општата функција на посетата. Дали имало разговори кои се поврзани со зделката за провизија, треба да видиме бидејќи Заев најави дека ќе ги објави тие прашања.

 
Вообичаено ли е на „приватна“ средба на претседателот на Израел и на шефот на македонската опозциција, како што беше претставена од власта, да присуствува македонскиот амбасадор? Која е улогата на амбасадорот на ваква средба?

-Не се работи за приватна посета затоа што Заев е носител на политичка функција. Парламентот е сепак дел од законодавната власт, а таму се застапени пратениците на СДСМ. Амбасадорот би требало да присуствува на средби, не на сите, туку таму каде што ќе биде повикан. Но според протокол не мора да присуствува на сите разговори, може само да го пречека.

Случајот со екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, кому му беше откриен пиштол на аеродром во Белград го отвори прашањето зошто не бил проверен во Скопје, но и колку пати претходно поминал граница без проверка и како се злоупотребува моќта.

-Овој случај има неколку аспекти. Прво се работи за полтронски однос на персоналот на аеродромот кој е задолжен за контрола, што е сериозен пропуст. Второ треба да се види дали припадници на полицијата барале да не се направи никаква контрола што е исто така прекршување на процедурите. Трето прашање е загрозување на безбедноста на воздухопловот, граѓаните кои биле во авионот и пошироко. Генерално мислам дека факт е дека со однесувањето Мијалков си направи лоша услуга. Дури и да е како што тој тврди, дека го заборавил пиштолот во торбата, тоа е на негова штета, затоа што одговорноста паѓа на него.

Извор: Стандард



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners