ИНТЕГРАЛНО: Писмо Трајанов - Расмусен

07.04.2014

ИНТЕГРАЛНО: Писмо Трајанов - Расмусен

Денес (07.04.2014 година), Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, испрати писмо до Генералниот Секретар на НАТО, Андерс Ф. Расмусен, со барање за негова лична заложба Македонија да биде примена во НАТО.

Во целост го објавуваме писмото на Трајанов до Расмусен:

***

Скопје, 07.04.2014

Почитуван Генерален Секретар,

Ми причинува посебно задоволство и чест, во лично име и во името на политичката партија од Република Македонија, Демократски сојуз, да Ви се обратам со искрени желби за успешно заокружување на раководењето со Северноатлантската организација.

Во Република Македонија постои политички и граѓански консензус за приклучување во Северноатлантската организација, при што, почнувајќи од 2008 година, во очекување сме да ја добиеме поканата за полноправно членство на Република Македонија во НАТО. 

Мојата држава во изминатите 20 години спроведе успешни реформи во областа на одбраната, како и во други сфери, при што прерасна во општество со силни демократски институции, политички плурализам и пазарна економија. 

Република Македонија ги исполни и сите критериуми за членство во НАТО, но поради ветото на Република Грција на Самитот на НАТО во 2008 година во Букурешт, државата неоправдано е во чекалната и се’ уште е со „смрзнат статус“.

Господин Расмусен,

Верувам дека на претстојниот Самит на НАТО кој треба да се одржи на четврти и петти септември оваа година во Кардиф, ќе се заложите Република Македонија да добие покана за полноправно членство во НАТО.

Спорот наметнат од Република Грција околу уставното име на Република Македонија е виртуелен (апсурден), но со тешки последици врз севкупниот развој на мојата држава, вклучително и врз евро-атлантските интеграции.

Република Македонија партиципира во ИСАФ мисијата во Авганистан, во ЕУ мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, во УНИФИЛ мисијата во Либан, пружа логистичката поддршка за операциите на КФОР на Косово и спроведува реформи, со цел да обезбеди одржлив развој и да го одржи чекорот со останатите земји – членки на НАТО.

Лидерите на Република Македонија се посветени на изнаоѓање решение околу спорот за името, при што, сакам да укажам дека никој нема мандат да го промени уставното име – Република Македонија, кое е нераскинлив дел од нашиот македонски национален идентитет. 

Ви благодарам на разбирањето.

Срдечни поздрави,

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз.  

Н.Е. Г. Андерс Ф. Расмусен Генерален Секретар на НАТОБрисел  



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners