ДС: Преговорите за имплементација на Договорот од Пржино да се водат јавно

21.10.2015

ДС: Преговорите за имплементација на Договорот од Пржино да се водат јавно

Поради можноста од продлабочување на кризата во РМ, Демократскиот сојуз предлага преговорите помеѓу четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) за имплементација на договорот од Пржино, да се одвиваат јавно, пред ТВ камерите и во Собранието на Република Македонија.

Деновиве сведоци сме на меѓусебни обвинувања помеѓу преговарачите, за опструкции, некоректност, условувања, уцени и слично, при што граѓаните не се во можност да проценат кој ги минира преговорите и со која цел.

Поради тоа, ДС предлага целосна транспарентност на преговорите. На овој начин сметаме дека лидерите на овие четири партии и нивните преговарачки тимови ќе бидат многу поодговорни и ќе водат сметка за националните и државните интереси, како и конкретните интереси на граѓаните.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners