01.12.2015
ДС: Потребно е укинување на радиодифузната такса
Демократскиот сојуз смета дека во рамки на разговорите за реформа на медиумската сфера, неопходно е да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио телевизија, користејќи ги светските искуства, при што државната радио и телевизија да прераснат во модерни информативни медиуми и да се обезбеди стабилно финансирање, главно преку Буџетот.
Во услови на голем број на медиуми (радио и ТВ станици), граѓаните не треба да плаќаат радиодифузна такса.
ДС смета дека нема потреба граѓаните и компаниите и понатаму да ја финансираат политичката кампања на партиите на власт, преку плаќање на радиодифузна такса од 190 денари.
Наскоро ДС ќе предложи промени во соодветните закони (Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги и др.)