ДС: Одговорност за кризата

06.11.2015

ДС: Одговорност за кризата

Демократскиот сојуз очекува Преодната Влада да биде во функција на смирување на политичката криза и создавање предуслови  за рамноправен политички натпревар, презентација на политичките програми и слободно изјаснување на граѓаните на денот на изборите.

Демократскиот сојуз смета дека врвен приоритет на Преодната Влада треба да биде стабилноста на државата, градење на консензус и единство за националните и државните интереси, одржлив економски развој, владеење на правото и нормално функционирање на сите институции, како и целосна департизација и деполитизација на државните институции.

Кризата предолго трае и генераторите на кризата мора да се повлечат и да отворат можност за доследно спроведување на принципот на одговорност на сите нивоа.

Македонија не смее и натаму да биде во заложништво на личните интереси и интересите на четирите партии, кои државата ја вовлекоа во длабока криза, предизвикаа поделби меѓу граѓаните, неизвесност и несигурност за иднината и перспективите на  државата, како и блокада на евро-интеграциските процеси.

Демократскиот сојуз очекува Министерството за внатрешни работи во соработка со Специјалниот јавен обвинител, да работи непристрасно и неселективно во расчистување на аферата „ Пуч“, односно аферата незаконито прислушување, како и сознанијата кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.

Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners