ДС: 16 години принципиелност и доследност

19.01.2016

ДС: 16 години принципиелност и доследност

Демократски сојуз израсна во препознатлив, принципиелен и силен политички субјект, кој ги отвора вратите за сите слободарски и креативни граѓани.

На денешен ден (19 Јануари 2000 година) во „Салон 19'19“, иницијативниот одбор во состав: Павле Трајанов, Никола Младенов, Зоран Петров, Томе Геневски, Ѓорѓи Димитров, Верица Андреевска, Теофил Блажевски, Велин Јованов, Братислав Димитров и Владо Шоп-Трајанов, одржаа седница на која е донесена одлука да се формира Демократскиот сојуз, како автентична политичка партија.

После 16 години опстојување и развој, Демократскиот сојуз промовира Платформа за „ПРОМЕНИ ПРАВДА И ПРОГРЕС“, како алтернатива за излез од политичката криза. Демократски сојуз повикува на разумно однесување, обединување и градење на консензус за националните и долгорочните стратешки интереси на државата и граѓаните. 

Демократскиот сојуз смета дека единствен избор за Македонија е владеење на правото, почитување на основните цивилизациски вредности и слобода на говорот. Тоа се основните постулати за градење на перспективна и демократска држава.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners