ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ ЗА ОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ

24.07.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ ЗА ОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ

Демократскиот сојуз ги осудува последните закани и напади против физичкиот интегритет на новинарите Љупчо Златев од Економски Лидер и Мирослава Бурнс од Слободен печат и ги повикува надлежните органи да ги откријат напаѓачите и жестоко да ги казнат. Брзото откривање на сторителите е од највисок интерес зашто во двата случаи е јасно дека станува збор за загрозување на слободата на печатот и обид за замолчување на истражувачките новинари кои откриваат злоупотреби на функционерите на власта, корупција и организиран криминал.

Нападите против новинарите не се својствени за демократско општество и за држава која треба да ги отпочне преговорите за членство во Европската унија поради што ги повикуваме политичките елити од власта и опозицијата да престанат со сатанизирачкиот политички вокабулар кој за радикалните поединци и недопирливи структури од подземјето е сигнал за физичка пресметка со неистомислениците. Демократскиот сојуз го поддржува ЗНМ во барањето законски измени нападот врз новинари да се смета како напад врз службено лице и соодветно ригорозно да се казнува.

Истовремено потсетуваме дека ДС во својата програма предвидува Фонд за проверка на фактите и истражувачко новинарство од 1,5 милиони евра од буџетот годишно кои ќе бидат наменети за борба против лажните вести и за откривање највисоки облици на криминал и корупција кај функцуонерите. Слободата на печатот и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество и очекуваме лошата слика и пракса во Македонија веќе да не се повторува.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners