ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ СЕ РЕШАВА КОГА Е ВЕТРОВИТО

18.12.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ СЕ РЕШАВА КОГА Е ВЕТРОВИТО

Демократскиот сојуз смета дека е неопходна Стратегија за намалување на загадувањето на воздухот во која ќе бидат дефинирани краткорочни и долгорочни мерки.

Во оваа насока предлагаме Владата на Република Македонија да формира експертски тим кој ќе ја подготви Стратегијата и ќе предложи измени во законите.

Гасификацијата, користење на обновливи извори на енергија за затоплување, како и ригорозни мерки спрема потенцијалните  загадувачите (индустриски и други капацитети) се само дел од мерките кои деновиве се предлагаат.

Врз основа на научни студии, Градот Скопје и општините, да подготват конкретни програми за намалување на загадувањето на воздухот (урбани решенија со кои не се попречуваат ветровите, зелени површини, такси возила на електричен погон, бесплатен јавен превоз, исфрлање на цврсти енергенси за затоплување, забрана на користење на машинско улје за затоплување и др.).

Научните студии, Стратегијата и  програмите за намалување на загадувањето, како и долгорочните решенија треба да се подготват во најкус можен рок и паралелно да се преземаат и краткорочни мерки.

Плановите за почист воздух да се подготвуваат тогаш кога е ветровито, а воздухот чист.

 

Последни Активности

19.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение  со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.

прочитај повеќе...

13.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

прочитај повеќе...

08.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ

Во последните неколку дена се почесто се објавуваат постови од лажен профил при што се злоупотребува името на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

прочитај повеќе...

10.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: УБИСТВО ИЗВРШЕНО НА СВИРЕП НАЧИН

Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.

прочитај повеќе...

05.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОТПИС ИЛИ ОСТАВКА

По повторното изгласување на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција, претседателот  Ѓорге Иванов, има уставна должност да го потпише и на тој начин да ги деблокира процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners