Демократски сојуз: Ремонт и кадровска обнова

07.04.2021

Демократски сојуз: Ремонт и кадровска обнова

Последната мега афера со издавање пасоши на припадници на мафијата и лица опасни по безбедноста, само ги потврди оценките дека партизацијата на МВР и другите безбедносни институции, директно ја загрозуваат националната безбедност и ги кочат евроинтеграциските процеси.

Повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми, базбедносните проверки, тестот на интегритет, здравствената состојба и други параметри клучни за конечната оценка, дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата.

Натаму, изостануваат контролни механизми во работата на овие сектори и служби, присутно е одлевање на класифицирани информации до криминалните групи, бизнисмени, а најмногу до политичките партии.

Демократскиот сојуз предлага целосна кадровска обнова (ремонт) и анализа на можните злоупотреби, при што како приоритети ги нагласува:

Прво, да се извршат безбедносни проверки за сите вработени во МВР  и другите безбедносни сектори, како и тест интегритет, здравствената способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата.

Да се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност.

Второ, да се направи ревизија на издадени државјанства, внесени единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадени лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење на оружје, како и издадени обични, дипломатски и службени патни исправи.

Трето, да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се разработат и имплементираат контролни механизми  во работата на сите сектори и МВР да се ослобиди од кадрите кои не ги исполнуваат критериумите за работа во оваа институција.

Кадровско прочистување е неоходно и во другите служби за безбедност.

Демократскиот сојуз инсистира сите овие барања, Владата на РСМ и   министерот за внатрешни работи, како и другите носители на високи функции во безбедносно- разузнавачките служби, сериозно да ги разгледаат и да подготват планови за нивна реализација.

За состојбите во МВР и другите безбеносни служби да се направи темелна анализа и да се отвори расправа и во Собранието на РСМ.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners