23.06.2017
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОФАНЗИВНА ДИПЛОМАТИЈА
Политиката на креирање конфликти со соседните држави и нивно користење како алиби за застојот на евроинтеграциските процеси треба дa се напушти.
Посетата на Бугарија од делегација на Македонската Влада, предводена од премиерот Зоран Заев, како и посетата на Грција од министерот за надворешни работи, се почетни сигнали за офанзивна дипломатска активност и иницијативност во решавање на прашања кои ги оптоваруваат односите со соседните држави и пошироко.
Нерешените прашања треба да се решаваат за да се отворат перспективи за Македонија и реализираат нашите национални и стратешки интереси , Македонија да добие покана за полноправно членство во НАТО и да започнат преговори за влез во Европската Унија.
За решавање на државни прашања, потребно е лидерство кое ќе креира решенија и ќе ја преземе одговорноста во интерес на перспективите и демократскиот развој на Македонија.