ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ОДБЕЛЕЖА 18 ГОДИНИ

18.03.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ОДБЕЛЕЖА 18 ГОДИНИ

Денес,18 март 2018 година, во Скопје, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ  ,одбележа 18 години од формирањето на партијата.На одбележувањето, присуствуваа над 200 активисти на ДС, гости од политички партии, медиумите и симпатизери на ДС.

Пред присуните кусо обраќање имаше Павле Трајанов, претседател на ДС, кој меѓу другото нагласи: „ Пред 18 години, неколкумина одлучивме да го формираме ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, да им понудиме избор на граѓаните, притоа понудивме програма и концепт за реформи каде во центарот на вниманието е човекот, неговите права и слободи.

Имавме свој став за сите актуелни и битни политички настани, ништо не премолчавме, предлагавме идеи и визии за подобра и економски силна Македонија и бевме и сме сигурни дека Македонија ќе успее.

Во Демократскиот сојуз досега се вклучиле над 35.000 граѓани, дел од нив можеби од разни причини заминале, но секогаш имало и има јадро кое опстојувало на основните определби и цели: "борба за правда, за владеење на правото и подобар живот за сите".

Издржав и јас и моите соработници, со кои 18 години сме заедно, но и моето семејство, посебно мојата сопруга која постојано ме поддржува и во најтешките моменти ме храбри да продолжам понатаму...

Како партија сме за промени, за реформи, за слобода на говорот и против богатење на грбот на граѓаните, но не секогаш сме разбрани.

Во овие турбулентни времиња, сме за коренити и суштински реформи на судскиот систем и тајните служби, кои подолго време беа инструмент за заштита на властодршците.

Секаде јазикот е средство за меѓусебно разбирање, а кај нас инструмент за конфронтации, поделби, предизвикување нестабилност, како и условувања и уцени.

Од нестабилните држави бега капиталот, но заминуваат и младите, интелектуалците, професионалците и научниците. Ако не ја стабилизираме државата ќе останеме и без доктори и компјутерски инженери.

Пред Македонија се отвораат реални перспективи за развој, услови за бизнис и повеќе права и слободи за сите.

Стабилноста, имплементацијата на европските вредности и разрешување на отворените прашања со соседите, се гаранција за деблокирање на евро-атланските процеси и отварање на вратите за влез во НАТО  и ЕУ.

Дали ќе се одлучиме за иднината или ќе се вратиме во минатото, зависи од нас.

Национализмот и идеите за големи држави на Балканот, секогаш завршувале со крвав расплет. Треба да направиме се за да се избегнат внатрешните конфликти и немири.

Ние македонците и сите граѓани во Македонија, без разлика на етничката припадност, можеме да живееме во “голема држава” – во унијата на европските држави.

Наша цврста определба, е што побрзо да се приклучиме  во семејството на државите на Европската унија, каде различностите се предност и каде се отвораат повеќе можности да се живее подобро, но со работа.

Сите сме одговорни за иднината на државата, треба да ја чуваме, без држава ќе не снема и како народ.

Денес Демоктратскиот сојуз станува “полнолетна” партија.

Ние од Демократскиот сојуз, во политичката борба, секогаш сме биле и остануваме со народот“.

Трајанов зборувајќи за актулните состојби посочи дека во функција е зголемување на одговорноста на Власта, треба да се направат промени во изборните законски решенија, при што клучно е Македонија да биде една изборна единица.

Последни Активности

17.12.2018

Демократски сојуз:  Амнестија по завршување на судскиот процес

Демократскиот сојуз во целост ја поддржува имплементацијата на Договорот помеѓу Македонија и Грција, како и обидите за обезбедување на парламентарно мнозинство (2/3), неопходно за уставните промени.

прочитај повеќе...

03.12.2018

Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

прочитај повеќе...

30.11.2018

Демократски сојуз: Најостра осуда за прислушувањето на ЈО

Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела.

прочитај повеќе...

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners