ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ФАЗНО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ГРЦИЈА



03.07.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ФАЗНО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

Демократскиот сојуз смета дека спорот за името на нашата држава наметнат од Република Грција треба да се решава во повеќе (три) фази.

Своевременo (Крајот на 2009) фазното решавање на спорот беше подржан и од Хозе Мануел  Баросo, претседател на Европската комисија и Оли Рен, комесар за проширување на ЕУ , но овој пристап не се прифати од Владата на РМ.

Имајќи во предвид дека само со офанзивна дипломатија и иницијативност од страна на новата Влада можно е процесите да се движат напред, како и цврстата определеност за промени и реформи, Демократскиот сојуз смета дека фазното решавање на спорот со Грција може да биде добра основа за деблокирање на евроатланските процеси.

Со оваа стратегија предлагаме:

I  ФАЗА

Прифаќање на компромисно решение за името преку замена на референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, односно прифаќање на решение за име за меѓународна употреба.

Во оваа фаза се смета дека е апсолвирано прашањето сврзано со националниот идентитет и јазикот.

По прифаќањето име за меѓународна употреба и неговата верификација во Владите од страна  на Република Македонија и Република Грција, Република Македонија да биде примена во НАТО и да започнат преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

По прифаќањето компромисно решение за името за меѓународна употреба, Советот на НАТО доставува покана за членство на Република Македонија во НАТО и во текот на една година, договорот за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, се ратификува од страна на сите членки на Алијансата.

Истовремено, Република Македонија ги започнува пристапните преговори за влез во Европската унија при што треба да се инсистира отворањето и затворањето на поглавјата да се одвива во скратени рокови, односно Република Македонија да биде ставена на своевидна “брза лента“ за да се постигне преговорите да завршат во најкус можен рок.

Тоа значи дека во државата треба да се изгради општ консензус за потребните реформи, усогласување на законската регулатива и сл. Во оваа фаза, Република Грција треба да се обврзе да ја поддржи Република Македонија без било какви условувања, ограничувања или активности кои ќе го опструираат целиот процес.

II  ФАЗА

Формирање заедничка Комисија за решавање на сите отворени прашања помеѓу Република Македонија и Република Грција, преку потпишување договори, а посебно за:

а) опсегот на користење на името за меѓународна употреба;

б) користење на зборот „Македонија“, односно демонополизација на географскиот поим Македонија;

в) неменливост на границата и др.Во текот на втората фаза, преговорите за прием во ЕУ да течат без  блокади, односно со поддршка од страна на Република Грција.

Со одлуки на владите на Република Македонија и на Република Грција, се формираат мешовити комисии кои ќе започнат разговори за сите отворени прашања, при што ќе се подготват договори за разрешување на отворените прашања. Препорачливо е комисиите да бидат составени од експерти, кои ќе бидат растоварени од дневно–политички влијанија (рејтинг на партијата на која припаѓаат и сл.)

Во оваа фаза битно е да се разговара за прашања кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји.

Треба да се постигне договор за неменливост на границата, кој потоа ќе биде потврден од Советот за безбедност на ООН и истиот ќе се депонира во ООН.

Едно од клучните прашања кое треба во овие рамки да се иницира да се разреши е опсегот на користење на името за меѓународна употреба, со инсистирање тоа име да се користи само во рамките на ООН и нејзините организации, без било какви инсистирања или препораки посебно кон државите кои имаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија под нејзиното уставно име, како и меѓународни организации, економски, културни, спортски и други, кои не се дел од ООН.

Демонополизацијата на зборот “Македонија“ треба да биде предмет на посебен договор, при што двете држави го задржуваат правото да го користат овој термин без ограничување. Истото би се однесувало и за изведените именски и придавски форми од зборот “Македонија“. Тоа значи дека и натаму Република Македонија си ги задржува своите институции под сегашните називи (МАНУ, МРТВ и др.)

Во оваа фаза посебно е битно Владата на Република Македонија да подготви прашања и теми кои ќе бидат предмет на разговорите, со целосно издржана анализа и аргументација.

 III ФАЗА

На предлог на посредникот Метју Нимиц, донесување Резолуција од страна на Советот за безбедност на ООН за решавање на спорот, со анекси во кои ќе бидат опфатени постигнатите договори помеѓу Република Македонија и Република Грција.По донесувањето на Резолуцијата и исполнувањето на критериумите, Република Македонија да биде примена како полноправна членка во ЕУ.

Целокупниот процес да се одвива под покровителство на посредникот назначен од страна на ООН, господинот Метју Нимиц, како и во соработка со ЕУ, САД и НАТО.

Во подготовката на Резолуцијата треба да се вклучат домашни, но и експерти со светско реноме, се’ со цел наводите во Резолуцијата да бидат јасни и недвосмислени, без можности за подоцнежни различни толкувања.

Од исклучителна важност во оваа фаза ќе биде навременото информирање на сите постојани членки на Советот за безбедност на ООН, при што од посебно значење е во графата за Република Македонија, националноста и јазикот да се дефинираат како македонски. Ова прашање мора да се расчисти, за да се елиминираат сите можности за подоцнежни поинакви решенија.

За да се постигнат крајните резултати, овој процес треба да биде поддржан од ЕУ, САД и од НАТО, односно од сите држави-членки на овие организации.

Трите фази претставуваат целина на еден процес, кој треба да заврши со носење Резолуција на Советот за безбедност и со верификација (потврда) на анексите, односно на договорите кои ќе бидат постигнати меѓу Република Македонија и Република Грција и истите ќе бидат составен дел на Резолуцијата.   



Последни Активности

22.08.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Демократскиот сојуз смета дека повлекувањето на персоналот од амбасадата на Република Србија е сценарио за дестабилизација на Балканот од пошироки размери, каде се испреплетуваат геостратешки интереси на повеќе центри на моќ.

прочитај повеќе...

17.08.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТКА ДО АРМ

Демократскиот сојуз на припадниците на АРМ, им го честита "18-ти Август", Денот на Армијата на Република Македонија.

прочитај повеќе...

12.08.2016 

Демократски сојуз: Блокада на Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ со опструкциите врши класична блокада на реформите...

прочитај повеќе...

02.08.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТ ПРАЗНИК

Демократскиот сојуз, на сите граѓани на Република Македонија, им го честита Илинден, најголемиот двоен празник на македонскиот народ и сите граѓани без разлика на националната и верска припадност.

прочитај повеќе...

27.07.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АПСУРДНОСТА НА СУДСКАТА ЛОГИКА ЗА ПРИТВОР

Демократскиот сојуз укажува на апсурдноста на логиката на судовите, извршувањето на одлуките за притвор да ги одлага по поднесена жалба.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners