Демократски сојуз: Државна стипендија за младиот математичар генијалец од Штип

06.02.2021

Демократски сојуз: Државна стипендија за младиот математичар генијалец од Штип

Демократскиот сојуз смета дека врв на хипокризија е доколку осмоодделенецот Дамјан Давков е подобар од средношколците и победи на натпревар по математика, тоа да биде поништено од бирократски причини, притоа повикувајќи се на законски одредби кои се користат како покритие.

Реформите во образованието треба да започнат со однесувањето на првиот учител (министер) во овој систем, но тоа не го гледаме преку примерот на ученикот Дамјан Давков од Штип. Нема поважна реформа во образованието од таа системот да почне да ги препознава, признава, помага и поттикнува младите генијалци.

Предлагаме претседателот на РС Македонија, г. Стево Пендаровски да го награди талентираниот ученик по математика Дамјан Давков и да го искористи своето политичко влијание и авторитет за да му обезбеди државна стипендија за талентирани ученици за неговото натамошно школување. Тоа ќе биде признание за сите талентирани млади ученици и поттик да учат и да творат.

Што се однесува до концептот за реформи во образованието, за кој во моментов се одвива јавна расправа, Демократскиот сојуз ќе изгради посебен став и ќе го соопшти. 

При тоа, предупредуваме дека образовните реформи не смее да се сведат на експеримент кој, преку спојувањето повеќе различни предмети, ќе се испробува единствено во Македонија, врз грбот на нашите најмлади, а во таква форма не постои никаде во Европа и во цивилизираниот свет кон кој се стремиме. 

Особено нагласуваме дека историјата мора да остане како посебен предмет за учениците во основното образование. 

Спојувањето на предметот историја со повеќе други предмети, испраќа порака дома и кај нашите соседи дека на Македонците историјата не им е важна, што може да се сфати како сечење на корените на македонскиот народ и обид за негово бришење од картата на народите, поради што мораме да бидеме внимателни.

Историјата е помоќно оружје и од атомска бомба!



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners