ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ЗА КРВАВИТЕ НАСТАНИ

30.11.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ЗА КРВАВИТЕ НАСТАНИ

Демократскиот сојуз бара расправата за имунитетот за пратениците,против кои се води постапка за тероризам, во Комисијата за деловничко имунитетски прашања и на пленарната седница на Собранието на Република Македонија, да се одвива јавно и со директен пренос.

Граѓаните беа сведоци кога се одвиваа крвавите настани (на 27 .04.2017 година) во Парламентот, обидот за државен удар и насилно загрозување на демократски институции, поради што сосема е логично и оправдано, сите активности сврзани со расчистување на овие настани да се одвиваат транспарентно и пред очите на јавноста.

Граѓаните мора да бидат еднакви пред законот,  а  имунитетот не смее и не може да се користи за попречување на правдата.

Пратениците кои беа дел од сценариото за дестабилизација на државата и воведување на воена состојба, немаат морален кредибилитет да седат во парламентарните клупи, уште помалку да се повикуваат и сокриваат зад пратеничкиот имунитет,туку да бидат исти како и останатите за кои се води судска постапка.

Демократскиот сојуз апелира граѓаните да не учествуваат во протести со кои се врши притисок врз работата над судовите, бидејќи на тој начин  пречат овој злосторнички акт да се расчисти, а главните актери да понесат одговорност.

 

Последни Активности

12.10.2018

Демократски сојуз: Глас на разумот

Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

прочитај повеќе...

03.10.2018

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

прочитај повеќе...

01.10.2018

Демократски сојуз: Договор за иднината на Македонија

Врз основа на првичната анализа на референдумот, Демократскиот сојуз ги изгради следните ставови:

прочитај повеќе...

11.09.2018

Интервју со Павле Трајанов за Фокус

Разузнавачи на Иванов вклучени во минирање на Договорот со Грција, во Крвавиот четврток и во Диво насеље

прочитај повеќе...

06.09.2018

Интервју со Павле Трајанов за Денес Магазин

ДЕНЕС: Привршуваат подготовките за почеток на кампањата за Референдумот околу македонскиот прием во НАТО И ЕУ и склучениот договор со соседна Грција. Очекувате ли негов успешен исход?

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners