ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕЛИЧНА ДИСЦИПЛИНА, ГАРАНЦИЈА ЗА ПОБЕДА НАД ВИРУСОТ

24.03.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕЛИЧНА ДИСЦИПЛИНА, ГАРАНЦИЈА ЗА ПОБЕДА НАД ВИРУСОТ

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните да покажат челична дисциплина во спроведувањето на одлуките, насоките и препораките на власта, насочени кон спречување на ширење на Корона вирусот - Ковит 19, како и обезбедување на нормално одвивање на основните функции на државата, важни за намалување на негативните последици за економијата.

Доследното почитување на мерките за спречување на ширењето на епидемијата, значи успешна борба против вирусот и за кусо време нормализирање на животот на граѓаните.

Паралелно со превентивните мерки, мора да се зголемуваат здравствените капацитети, да се следат научно верифицираните терапии за лечење на заразените, да се обезбедат доволно заштитни средства и опрема и постојано да се објавуваат препораки до граѓаните како да постапуваат во услови на епидемија.

Во врска со економските мерки, сугерираме тие да се преземат врз основа на продлабочени анализи и консултации на науката, експертите и бизнисмените и нивните асоцијации.

Државната помош и олеснувања треба да ги опфатат сите компании кои имаат штета од мерките кои се преземаат, за да товарот  се распореди подеднакво на сите субјекти.

Во овие тешки состојби, платите на сите вработени и во приватниот и во јавниот сектор треба да се задржат или со минимално процентуално намалување, со што граѓаните ќе имаат услови да ги покриват зголемените трошоци за храна, лекови и заштитни средства.

Превенцијата и заштитата не е можна без средства и во оваа насока предлагаме да се разгледа можноста за социјално загрозените семејства и поединци да им се компензираат дел од трошоците за енергија, комунални услуги и вода и сл.

Демократскиот сојуз повикува на доследна примена на повикот „СЕДЕТЕ ДОМА“.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners