ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БОРБАТА ЗА ПРАВА ПРОДОЛЖУВА

01.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БОРБАТА ЗА ПРАВА ПРОДОЛЖУВА

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита 1-ви Мај, Денот на работничката класа, кога на овој ден во Чикаго, во 1886 година, се организираа масовни демонстрации за правата на работниците.

За зачувување на стекнатите права, но и за стекнување со нови ,за подобри услови за работа, за соодветно вреднување на работата, како и за подостоинствен живот, само работниците можат да се изборат, доколку се организирани, единствени и силен партнер за разговори со Власта.

Кохабитацијата со Власта секогаш завршувала со кратење на работничките права и во интерес на работодавачите.

По кратењата на многу права на работниците во изминатите години, промените во Македонија, треба да резултираат и со позитивни реформи во работничкото законодавство и натамошно зголемување на платите и правата на работниците, како и подобрување на условите за живот за сите.

Овој ден е само потсетување дека "борбата" за права треба да продолжи.

Последни Активности

08.08.2018

Павле Трајанов за Слободен печат: Рано е да се прават анкети за референдумот

 Сè уште е рано да се прават анкети во врска со референдумот, иако,  бројките од анкетите имаат големо влијание во целиот процес.

прочитај повеќе...

02.08.2018

Демократски сојуз: Честит Илинден

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 2-ри Август, најголемиот празник на Македонците и сите граѓани на Република Македонија, Денот кога се удрени темелите на суверена, независна и слободна Македонија.

прочитај повеќе...

28.07.2018

Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО И ЕУ

Деновиве од страна на политички партии, експерти и медиуми, се отвораат дилеми околу можното референдумско прашање сврзано со имплементација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

прочитај повеќе...

19.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение  со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.

прочитај повеќе...

13.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners