Демократски сојуз: Амнестија по завршување на судскиот процес

17.12.2018

Демократски сојуз:  Амнестија по завршување на судскиот процес

Демократскиот сојуз во целост ја поддржува имплементацијата на Договорот помеѓу Македонија и Грција, како и обидите за обезбедување на парламентарно мнозинство (2/3), неопходно за уставните промени.

Разбирајќи ја потребата за компромис, вклучително и носење на Закон за амнестијата, укажуваме дека мора да се почитува принципот на презумпција на невиност и воздржување од упад на законодавната во судската власт, поготово поради тоа што судскиот процес за 27 април 2017 година е во завршна фаза.

Доколку предвреме се донесе Законот за амнестија, тешко ќе се откријат сите инволвирани во крвавиот четврток и обидот за државен удар, а "селективната" правда, дополнително ќе го охрабри Ѓорге Иванов, да донесе одлука за аболиција на организаторите и насилниците.

Демократскиот сојуз сугерира прво да се заврши судскиот процес, а потоа да се разгледа можноста за амнестија, со тоа што Законот за амнестија да стапи во сила едновремено со изгласувањето на уставните промени.

Поради сето ова, Демократскиот сојуз укажува дека, целокупниот процес треба да се води доста претпазливо и одговорно, за да не се сруши  владеењето на правото и правната држава, како основни предуслови за продолжување на евроатланските процеси.

 

Последни Активности

22.01.2019

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.

прочитај повеќе...

20.01.2019

Демократски сојуз: Најостра осуда за нападот на новинарот на Канал 5

Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на Мирјана Мирчевска Јовановиќ, новинарка на ТВ Канал 5, на која и се нанесени телесни повреди, а повеќе новинари  се спречени да ја извршуваат својата професионална работа.

прочитај повеќе...

20.01.2019

Демократски сојуз: Да се послуша гласот на пазарџиите

Демократскиот сојуз оценува дека имплементацијата на Законот за зелените пазари е без претходна подготовка и консултација со еснавските асоцијации и пазарџиите.

прочитај повеќе...

19.01.2019

Демократски сојуз: Да се откријат загадувачите на Скопје

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните државни институции да направат вонредни контроли над индустриските капацитети (УСЈЕ и др.), како и над Депонијата ДРИСЛА, се со цел да се откријат загадувачите на воздухот.

прочитај повеќе...

12.01.2019

Демократски сојуз: Поглед кон иднината

Демократскиот дојуз смета дека со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners