ДА НЕ СЕ ГАЗАТ ТЕМЕЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА АСНОМ И АНТИФАШИЗМОТ

16,03.2021

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА НЕ СЕ ГАЗАТ ТЕМЕЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА АСНОМ И АНТИФАШИЗМОТ

Демократскиот сојуз ги повикува највисоките државни функционери кои преговараат со Република Бугарија за да изнајдат решение за симнување на блокадата на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, да го почитуваат достоинството на македонскиот народ, македонскиот идентитет и јазик, вековната борба за национална слобода и да не прифаќаат решенија кои претставуваат ревизија на историските настани.

Премиерот, како и сите македонски граѓани, има право на личен став за односите со Република Бугарија и за начините на решение на спорот, но тој ја има и одговорноста тоа што го говори да не ги повредува чувствата на Македонците и да изнаоѓа решенија кои ќе ги заштитат државните и националните интереси.

Демократскиот сојуз потсетува дека антифашистичката борба и АСНОМ се во темелите на македонската држава и не смее да се дозволи релативизација на улогата на тогашниот фашистички режим на нашиот источен сосед. Бугарија и бугарскиот народ се наши соседи и пријатели и со нив треба да градиме заедничка иднина во Европската Унија. Тие немаат ништо заедничко со фашистичкиот режим на Цар Борис и окупацијата на Македонија во текот на Втората светска војна, со обидите за денационализација и страдањето на македонскиот народ, со илјадниците жртви што паднаа во борбата за национална слобода, со депортацијата на Евреите во логорите на смртта. Но таа историска вистина не може да се фалсификува и да се избрише.

Со Република Бугарија имаме потпишано Договор за добрососедство и пријателство, акт кој има законска сила и неговото почитување е предуслов за добрососедските односи, мирот и соработката меѓу двата народи и двете држави. Демократскиот сојуз нема да поддржи менување и ревизија на овој меѓудржавен договор на штета на македонските национални интереси. Во текот на повеќевековната историја на македонскиот народ има настани и личности кои не поврзуваат со Бугарија и со бугарскиот народ и тоа треба да биде основа за идното заедништво и надминување на недоразбирањата.

Демократскиот сојуз смета дека членството во Европската Унија е од највисок приоритет за РС Македонија, но услов за тоа не смее да биде грубото газење врз европските принципи и вредности, меѓу кои клучна е антифашистичката борба на европските народи, во која македонскиот народ имаше своја славна улога.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners