Демократски сојуз




Трајче Грков

По професија е дипломиран инженер архитект. Роден е на 29.05.1953 година во Кавадарци, каде што завршува основно и средно образование. Се запишува на архитектонско градежниот факултет во Скопје 1972 година и редовно го завршува. Во 1978 година се вработува во сложената организација на здружен труд за дрво преработувачка индустрија ЗДИШ *ТРЕСКА* каде работи на проблематиката на изработка на ентериери, мебел и монтажни куќи. Во овој период работи и на проектирање и решавање на технолошките и производните процеси на фабриката како и на изградба на монтажни школи и станбена архитектура кои се изградија после земјотресот во градо Улцин во Црна Гора. Исто така работеше и на други објекти кои фирмата ги градеше на територијата на поранешна Југославија. Имаше и работни задачи и при делови од изградбата на држаната болница Ребро во Загреб Република Хрватска.

После две години се вработува во Заводот за Урбанизам и Проектирање во Кавадарци каде што активно работи на изработка на инвестиционо техничка документација во рамките на Македонија, Србија и Црна Гора. По 8 години работа во оваа фирма работниот стаж го продолжува во друга сложена организација на здружен труд во сверата на металопреработувачка и електро струка Елро електрика Кавадарци. Во оваа фирма работното искуство се темелеше на индустриски објекти и системи кои фирмата ги градеше на територијата на Југославија како фабриката за лимонска киселина во Ѓуприја и комплексот на ангрокомбинатот Годомин Србија, како и други објекти во Македонија.

После 5 години во 1985 година формира своја сопствена фирма за изработка на инвестиционо техничка документација и градежно занаетчијски работи и се бави со тие области најмногу на територијата на Македонија.

Со законот за приватни фирми во 1998 година ја формира фирмата *Дизајн Центар Инжинеринг* која до денес постои и се развива. Во рамките на оваа фирма ги има реализирано најголем број на договори за изработка на техничка документација-проекти за домашни и странски фирми како и консалтинг услуги и водење на инвестиции. Во овој период се изработувани во склоп на градежните проекти и еколошки елаборати за дел од објектите. Посочуваме некои од нив како што се Текникон од Грција,Фени Индустри Кавадарци, Силмак Јегуновце, Компанија Петрови, Бонум Скопје и многу други. Во билатералните активности помеѓу Америка и Македонија при реализација на проектот *камен темелник* за реализација на објекти од здравствената училишна и општествена свера реализирани се проекти за кои е добиен медал и признание од САД. Во сверата на урбанистичкото планирање работи активно на изработка на целокупна урбанистичка документација, Генерални Детални планови, стопански комплекси и останато од кои се евидентни некои од нив како на пример делови од градот Охрид-стариот кеј, новиот центар на градот, селото Пештани како туристичко рурална населба, центарот на Радовиш, центарот на Кавадарци, центарот и делови од Пробиштип, Демир Капија, Конче, Свети николе, Неготино, Велес, Прилеп, Долнени, Градско Гевгелија и други. Во сверата на станбеното планирање има изведено повеќе колективни и останати семејни објекти,како што се комплекс на станбени згради во Кавадарци, и социјална зграда во Штип, станбено деловен центар во Радовиш.

Во однос на индустриски објекти како урбанистичко решение но и како архитектонско oblikuvawe препознатливи се винаријата на Винеа во Росоман, винаријата Попова Кула во Демир Капија, винаријата Давино во Демир Капија, дестилеријата Грков Винјак во Кавадарци, mlekara vo Sveti Nikole и други. Во своето творештво има изработено и mnogu други разни објекти. Сега активно работи на проблематиката на инфраструктурни објекти по градовите на Македонија како што се улици и останата патна мрежа; водоводи канализации прочистителни станици и останата инфраструкура. Карактеристични се објектите: регионална депонија за безопасен неактивен отпад во Пепелиште, депонија за Фени индустрии Кавадарци и други.

дипл.инг.арх. Трајче Грков



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners