Демократски сојуз

Тони Трајанов

Роден на 26 декември 1965 година во Скопје, сопруг и татко на два сина

Образование

Дипломирал и магистрирал на Универзитетот „св. Кирил и Методи“ во Скопје.

Високо образование  завршил на економскиот факултет, насока – Надворешна трговија и маркетинг.

Магистирал на Машинскиот факулте, на тема  „Подобрување на ефикасноста на деловните процеси преку интегрирани системи за управување со документација“.

Професионално искуство

2006 - Директор на ЈП Службен весник на РМ (по својата функција тој  е и Одговорен уредник на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“)

Помошник директор на ЈП Паркови и зеленило на Град Скопје

15 годишно искуство во неколку приватни претпријатија

Како директор, од 2006 година па до сега, со поддршка на колективот, успеа да реализира повеќе проекти кои се од непосредна важност, како за сите корисници на службеното гласило, така и за граѓаните:

  • Неговиот од во институцијата го започнува со добивање на  сертификатите за квалитет ISO 9001-2008 и за безбедност во информационите системи 2001-2005, и го етаблира претпријатието како прва државна институција стекната со ваков тип на стандарди во работењето
  • Воведена е ЦТП-техника, електронска достава на материјали до печатарот
  • Воспоставена директна електронска комуникација за прием на материјали за објава со законодавниот дом и генералниот секретаријат на Владата на РМ и сите други државни ијавни институции
  • Реализиран е проектот Дигитализација на службените весници за период од 1945 година до денес
  • Отворен е Инфоцентар и библиотека за граѓаните во Скопје
  • Реализиран е проектот за Интеграција со надворешните системи за електронско огласување и тоа:
  • Со МВР, објава по електронски пат за неважечки документи(лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна дозвола)со нотарите и извршителите (објава по електронски пат на нотарските огласи и огласите на извршителите во службеното гласило)
  • Печатеното издание „Службен весник“ на РМ доби нов лик.
  • Започнат е проектот за изработка на пречистени текстови, со што е-базата на прописи на ЈП Службен весник на РМ станува единствена комплетна целина, која ги исполнува сите потреби на нејзините корисници
  • Воведена е современа елктронска комуникација преку социјалните мрежи
  • оведен е проектот CRM (Customer relationship management) - систем кој овозможува да се проучи однесувањето на клиентот, а со тоа дава правилни насоки кон најдобро опслужување на клиентите и подобрување на односите и релациите со нив
  • Круна на досегашното работење е добивањето на престижната награда на Градот Скопје, „13 Ноември“, за реализацијата на Проектот Дигитализација на службените весници за период од 1945 до денес.

Партиски ангажман

Од 2000 година е активен член на Демократски сојуз и тоа како Претседател на ОО на ДС-Чаир. Истата година на локланите избори  е кандидат на ДС за Градоначалник на Општина Чаир.

Во 2002 година е именуван за член на Централниот комитет на ДС и член на претседателството на ДС. Истата година, на редовните парламентарни избори, во Изборната единица 2, активно учествува како номиниран кандидат на второто место на изборната листа.

Во периодот кога  Демократски сојуз беше еден од основачите и дел од Третиот пат ја извршува функцијата Портпарол.

Во наредниот период е координатор за Изборната единица 2 и Изборната единица 4.

До денес е член на Претседателство на Демократски сојуз.

Последни Активности

17.12.2018

Демократски сојуз:  Амнестија по завршување на судскиот процес

Демократскиот сојуз во целост ја поддржува имплементацијата на Договорот помеѓу Македонија и Грција, како и обидите за обезбедување на парламентарно мнозинство (2/3), неопходно за уставните промени.

прочитај повеќе...

03.12.2018

Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

прочитај повеќе...

30.11.2018

Демократски сојуз: Најостра осуда за прислушувањето на ЈО

Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела.

прочитај повеќе...

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners