ДС: Уставна криза

17.03.2016

ДС: Уставна криза

Со одлуката на Уставниот суд за укинување на одредби од Законот за помилување, се создаваат законски основи  односно се декриминализира криминал со кој директно се загрозуваат основните демократски и цивилизациски вредности преку слободно кршење на изборните правила од партиските елити, потоа вклучување во нарко бизнисот, тероризам, како и сексуални напади над малолетници и сл.

Демократскиот сојуз смета дека се разрушени темелите на владеење на правото, со што законите нема да важат за сите подеднакво и не е можно да се одржат избори. Ако започне процес на аболиција на тие што ја фалсификуваат волјата на граѓаните, тоа ќе предизвика нестабилност во државата и целосна блокада на евроинтеграциските процеси.

Демократскиот сојуз предлага да се отвори постапка за донесување на Закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради кршење на Уставот или доколку носи одлуки со кои се нарушува владеење на правото или поттикнува на вршење на криминал, а на сегашните судии да им престане мандатот.

partners partners partners partners partners partners