ДС ќе иницира постапка за формирање на Анкетна комисија за Кежаровски

15.01.2015

ДС ќе иницира постапка за формирање на Анкетна комисија за Кежаровски

Демократскиот сојуз ќе иницира постапка за формирање на Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија, во врска со новинарот Томислав Кежаровски, против кој се води постапка од мај 2013 година, а сè уште нема конечна одлука.

Демократскиот сојуз смета дека обвинение засновано на докази обезбедени преку кршење на закони е спротивно на Законот за кривична постапка и врз такви докази не може да опстои обвинение.

Против Томислав Кежаровски има обвинение дека објавил податоци за заштитен сведок, за кој се покажа дека тој сведок ниту видел, ниту слушнал, кој го нарачал, ниту кој го извршил убиството во село Ореше, Велес.

Се работи за класичен „крунски сведок“ кој бил мотивиран-присилен на соработка со Судот, што е спротивно на Законот за заштита на сведоци и Законот за кривична постапка.

Од тие причини ДС смета дека Парламентот треба да формира Анкетна Комисија која ќе ја разгледа улогата на сите инволвирани во тој случај и ќе предложи постапка за утврдување на одговорноста.

ДС докрај ќе се залага за владеење на правото и целосно ќе ја подржува независноста на судскиот систем, но секогаш кога ќе процени дека има кршење на законите на штета на основните човекови права и слободи ќе реагира и ќе бара одговорност.

Инаку, веќе има пракса Собранието да формира вакви комисии (случајот во Сопот кога со подметната мина беа убиени двајца припадници на НАТО и еден македонски државјанин).

partners partners partners partners partners partners