ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ДОГОДИНА

29.05.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ДОГОДИНА

Демократскиот сојуз оценува дека нема услови за одржување на локалните избори во октомври.

Изборот на Владата беше блокиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ преку бесцелните дискусии (реплики, контра реплики,процедурални прашања и сл.) во Парламентот и спречување на неговото конституирање, како и на давањето мандат за состав на Влада на партиите кои имаа мнозинство во Парламентот.

Поради потребата од сериозни реформи во изборната регулатива, како и отстранување на слабостите во изборните процеси неопходно е одржувањето на локалните избори да се одложи најмногу за 12 месеци.

Инаку сосема е јасно дека мандатот на советите на општините и градоначалниците е истечен и од Уставен аспект не е можно продолжување на мандатот, но кај нас досега Уставот беше повеќе пати подреден на политички договор, но таков веќе е постигнат за реобновување на мандатот на советниците и градоначалниците наводно за интересите на граѓаните.

Демократскиот сојуз не ја оспорува потребата локалната самоуправа да функционира, но во вакви околности градоначалниците треба да имаат ограничени овластувања и одговорност пред Владата, бидејќи мандатот ќе го добијат од парламентарното мнозинство, а не од граѓаните.

Локалните избори треба да се одржат штом за тоа ќе се создадат услови, но не подолго од година дена.

partners partners partners partners partners partners