ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНА

14.09.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНА

Вечерва, Претседателството на Демократскиот сојуз, ќе одржи проширена седница на која ќе расправа за учество на претстојните локални избори.

Демократскиот сојуз стои цврсто на определбите дека се неопходни реформи и промени, како битни предуслови за деблокада на евроатланските процеси.

На 15 октомври, ќе се гласа и за локалната власт, но и за тоа во кој правец ќе се движи Македонија.

Демократскиот сојуз смета дека, национален, државен и стратешки интерес е Македонија што побрзо да добие покана за полноправно членство во НАТО и да започнат разговорите за влез во ЕУ.

Сигурни сме дека граѓанската определба за НАТО и ЕУ ќе биде валидизирана и на локалните избори и ќе бидат избрани градоначалници кои се за промени и кои ќе работат за интересите на граѓаните.

partners partners partners partners partners partners