Демократски сојуз: Најостра осуда за нападот на новинарот на Канал 5



20.01.2019

Демократски сојуз: Најостра осуда за нападот на новинарот на Канал 5

Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на Мирјана Мирчевска Јовановиќ, новинарка на ТВ Канал 5, на која и се нанесени телесни повреди, а повеќе новинари  се спречени да ја извршуваат својата професионална работа.

Демократскиот сојуз инсистира на брза и ефикасна реакција на МВР и Јавното обвинителство за целосно расчистување на насилното однесување  и  преземање законските мерки.

На новинарите мора да им се обезбедат услови за да можат навремено и објективно да ги информираат граѓаните за сите настани.

partners partners partners partners partners partners