Започна постапката за измена на Законот за заштита на сведоци

29.11.2013

Започна постапката за измена на Законот за заштита на сведоци

Од денес (29.11.2013 година) започнува собраниската постапка за носење на измените на Законот за заштита на сведоци.

Со измената во Законот се предлага намалување на казните за објавување на податоци за правиот идентитет на заштитен сведок и истите ќе се движат од 3 месеци до 3 години, а во тешки случаи, четири години, осум години и над осум години затвор.

Казните за службените лица и за сите оние кои во вршењето на службените задачи доаѓаат до класифицирани информации за сведоците, остануваат исти, при што ќе се движат од 4 години, па се до доживотен затвор.

Инаку, согласно новиот Закон за кривична постапка, чија примена почнува од 1 декември 2013 година, сведоците со прикриен идентитет и натаму остануваат како посебни истражни мерки (во овој дел ништо не се менува) за спречување, откривање и докажување на тешки кривични дела, како што се тероризам, нарко бизнис, трговија со луѓе, кривични дела против државата и др.

Линк до Предлог на закон за изменување на законот за заштита на сведоци

partners partners partners partners partners partners