Тони Трајанов ја прими почесната награда „13 Ноември“

14.11.2012

Тони Трајанов ја прими почесната награда „13 Ноември“

М-р Тони Трајанов, член на Претседателството на Демократски сојуз, како прв човек на Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија, својето успешно менаџирање со институцијата и со колективот го потврди со високо признание.  

На 13 ноември по повод денот на Градот Скопје, на г-дин Трајанов му беше врачена престижната награда на Градот Скопје „13 Ноември“, за реализација на проектот  - Дигитализација на службените весници за период од 1945 година до денес.

По својата  содржина, овој проект може да се вброи во значаен хроничар на речиси седум декади живот, настани и личности. Овој проект е водич низ времето, кој низ објавените прописи, укази и други законски акти, дава преглед на социјалните случувања, на сферите на интересите, на политичките намери, општественото расположение и организирањето на државотворните рамки.За дигитализација на службените весници издадени во овој период,  вкупно беа обработени 194.650 страници за помалку од една година, а процесот продолжува во континуитет.

Во своето повеќегодишно делување, како директор на ЈП Службен весник на РМ, Трајанов започна и реализира повеќе проекти, низ кои , со примена на последните технички и информатички можности, воведе високи стандарди во секојдневното делување на ова претпријатие, во интерес за брза и лесна комуникација, како со надлежните институции, така и за потребите на граѓаните. 

Со чувство на одговорност кон обрските и задачите за кои и е основано ЈП Сужбен весник на РМ, но и со прецизен слух за потребите на граѓаните, м-р Тони Трајанов, продолжува со потрагата по новите можности и идеи за што поквалитена понуда на услугите што ги нуди ова претпријатие. 

По повод доделувањето на ова високо признание од Градот Скопје, директорот Трајанов, до сите оние кои ја подржаа номинацијата на ЈП Службен весник на РМ, им се обрати со следните зборови: „Ја користам оваа можност, во името на сите вработени во ова претпријатие и во мое лично име, да Ви се заблагодарам бидејќи во нашата работа препознавте труд достоен за оваа почесна награда, „13 Ноември“, награда на Градот Скопје. Вашата поддршка, искажаната доверба и добронамерните зборови упатени до Одборот за доделување на наградата на Градот Скопје, „13 Ноември“,  за ЈП Службен весник на РМ и реализираниот проект, придонесоа за нашата номинација и определбата да станеме добитници на оваа значајно признание.

partners partners partners partners partners partners