ДС: Адвокатот Стојан Лазаров е нов претседател на ДС- Струмица


18.02.2017

Демократски сојуз: Адвокатот Стојан Лазаров е нов претседател на ДС- Струмица

На денешната седница на Демократски сојуз- Струмица, за претседател на општинската организација е избран адвокатот Стојан Лазаров.

Во Струмица се отвори и Канцеларија на ДС во пресрет на локаните избори.

Павле Трајанов нагласи дека во интерес на граѓаните и националните интереси е да се формира Влада на Република Македонија која ќе започне со промени и реформи.

Над 612.000 грагани се определија за промени и затоа Али Ахмети мора да ја почитува определбата на граѓаните и без било какви условувања да подржи Влада на промени.

Трајанов смета дека мора во најкус рок да се избере претседател на Собранието и да се одржат локалните избори во предвидениот рок- мај месец.

На отворањето на Канцеларијата присуствуваа членови и симпатизери на ДС.

partners partners partners partners partners partners