Демократски сојуз: Честитки по повод 11-ти Октомври

11.10.2016

Демократски сојуз: Честитки по повод 11-ти Октомври

Демократскиот сојуз на сите граѓани на Македонија им го честита 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

Тогаш кога сè изгледало безнадежно, македонскиот народ, заедно со сите граѓани, се дигнал на востание за слободна и самостојна Македонија.

Многумина со својот живот се вградиле во темелите на денешна Македонија, која по којзнае кој пат, се соочува со огромни предизвици и неизвесности.

Само со единство, сплотеност и истрајност можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе излезе од кризата и ќе се отворат перспективите за градење на демократска, силна и модерна европска држава.

partners partners partners partners partners partners