Демократски сојуз: Честит Велигден!

16.04.2017

Демократски сојуз: Честит Велигден!

Демократскиот сојуз на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Христосовото Воскресение - Велигден, со најискрена желба празничните денови да ги поминеме во добро здравје, духовен и сеопшт мир и спокој во секоја човечка душа.

На овој голем празник се потсетуваме на жртвата која ја даде Исус за сите ние да имаме вечен живот. Воскресението Христово е доказ на Божјата љубов кон човекот и триумф на животот над смртта. Токму затоа, овој празник ни дава радост и нова надеж, не поттикнува на добри дела и почитување на духовните вредности, посочувајќи дека сме сите исти пред Бога и дека почитувањето на различностите, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат.

Предизвиците што ги носи животот, треба да не направат посплотени и помудри во нашите постапки. Со чиста мисла и добра душа да придонесеме за подобар живот на другите и заеднички да се залагаме за благосостојба и просперитет на сите граѓани на Република Македонија.

Нека ни е среќен и вековит празникот! Христос воскресна! Навистина воскресна!

partners partners partners partners partners partners