Демократски сојуз: Честит 8-ми Септември

08.09.2016

Демократски сојуз: Честит 8-ми Септември

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

На овој ден, пред 25 години, македонските граѓани на референдум, го остварија вековниот сон на нашите предци, Република Македонија да стане слободна, независна и суверена држава.

Македонците и сите граѓани без разлика на етничката припадност покажаа зрелост, подготвеност и решителност, да го исполнат аманетот на генерациите кои дадоа многу жртви и да се справат со сите предизвици кои се исправија пред нив во годините кои следеа.

Нека овој 8-ми Септември не потсети на обрвската која ја имаме кон идните поколенија, од Македонија да направиме европска, економски силна и просперитетна држава. Заедно, единствени и сплотени да ја продолжиме вечната традиција на соживот, почитување на различностите и солидарност кон другите.

Овој празник е силен предизвик за сите нас да продолжиме да се бориме за слободна Македонија, во која ќе владее правото и ќе создаваме еднакви можности за граѓаните.

partners partners partners partners partners partners