Демократски сојуз: Приемот во НАТО е заслуга на сите влади и граѓани



06.02.2019

Демократски сојуз: Приемот во НАТО е заслуга на сите влади и граѓани

По близу триесет години самостојност, потпишувањето на Протоколот за прием во НАТО, за Република Македонија и за граѓаните е настан од непроценлива вредност за стабилноста, безбедноста и демократските перспективи на Македонија.

Приемот на Македонија во НАТО е резултат на работата на сите досегашни влади, невладиниот сектор, медиумите и пред сè цврстата определба и многуте компромиси направени од сите граѓани. 

Преспанскиот Договор со сите контроверзии, практично ги отвори вратите за членство во НАТО и Европската Унија.

Започната е финалната фаза и до крајот на оваа година се очекува Протоколот за прием во НАТО на Република Македонија, да го ратификуваат дваесет и девет (29) земји членки на НАТО. 

Демократскиот сојуз го поздравува овој чин и повикува на единство и сплотеност за Македонија да чекори напред. 


partners partners partners partners partners partners