ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА НА БРЗА ЛЕНТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ



17.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА НА БРЗА ЛЕНТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Демократскиот сојуз смета дека, одлуката на Европската Комисија, Република Македонија да добие безусловна препорака за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија е признание за сите граѓани кои цврсто се определија за промени, реформи и стабилност, како и за посветеноста и демократскиот курс на Владата и Парламентот на Република Македонија.

Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за влез во Европската Унија.

Препораката е и голема обврска за  Владата на Република Македонија да ги имплементира реформските определби, посебно во областа на правосудниот систем, службите за безбедност, јавната администрација и медиумите.

Борбата против корупцијата мора да биде силна и ефективна, а стабилноста и правната сигурност, врвни приоритети.

Доцнењето на реформите и блокадата на евроинтеграциските процеси во изминатите осум години мора да се надоместат со тоа што Македонија ќе биде ставена на "брза лента" и реформите да се одвиваат со забрзана динамика и поддршка од сите релевантни партии.

Се отвораат историски перспективите за граѓаните и Република Македонија,затоа носиме огромна одговорност, овој период да се сплотиме, обединиме и работиме сите заедно.

Само со реформи, работа и резултати се гаранција дека во јуни месец  ќе  добиеме датум за започнување на преговорите за влез во ЕУ.

partners partners partners partners partners partners