ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС

28.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС

Македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, по дваесет и седум години независна и самостојна Македонија, се соочуваат со национален проблем од историски димензии, со многу непознати и со огромна одговорност за иднината на државата.

За разрешување на стогодишниот проблем наметнат од Грција, сврзан за името на нашата држава Република Македонија, за прв пат  граѓаните имаат можност директно да се соочат и да се вклучат во неговото разрешување.

Демократскиот сојуз ја поддржува определбата на Владата, во процесот на градење стратегија за разрешување на овој спор да ги вклучи сите релевантни партии, државно политичкиот врв, како и експерти по меѓународно право, историчари, лингвисти, правници, политиколози и други.

Само со целосна транспарентност и објективно информирање е можна поддршка од граѓаните во градењето на решенија и  носење на конечна одлука, без разлика дали граѓаните ќе се изјаснат пред  или по постигнување на договор со кој ќе се деблокираат евроатланските процеси.

Одговорност за иднината на државата имаат сите, но тежината ќе падне на партиите од власта, кои имаат обврска да обезбедат поширок и политички и граѓански консензус.

Време е за државничко однесување, лидерство и визија за наредните  пеесет години.

Грешка не смееме да направиме ниту спрема генерациите пред нас ниту за тие што доаѓаат.

Не смее да има дилеми дека се работи за автентично Македонско прашање, кое пред 115 години го дефинирал големиот деец Крсте Петков Мисирков и дека за него одлучуваат пред се' Македонците. Се разбира во целиот процес треба да бидат вклучени и останатите делови од народи кои живеат во Македонија, како придобивка на демократските и цивилизациските вредности.

Последни Активности

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

прочитај повеќе...

12.10.2018

Демократски сојуз: Глас на разумот

Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

прочитај повеќе...

03.10.2018

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners