ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА ЧЛЕНКА НА НАТО

17.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА ЧЛЕНКА НА НАТО

Демократскиот сојуз смета дека посетата на Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО, е од исклучителна важност и признание за реформите и демократските капацитети на Република Македонија.

Македонија беше лидер на демократските реформи во Балканот, носител на Јадранската група за влез во НАТО, учествуваше и учествуваа со воени сили во повеќе меѓународни мировни мисии (Ирак, Авганистан, БиХ, Либан и др.), во 1999 година прифати над 500.000 бегалци од Косово, Криволак е своевиден вежбовен центар и ги заврши сите значајни реформи во одбраната согласни стандардите на НАТО.

Евроатланските процеси се движечка сила и неспорно е дека се направени крупни промени.

Поради се што е направено, како и цврстата граѓанска определба и решеност за влез во НАТО и ЕУ, го повикуваме Столтенберг, да направи се што е во негова моќ, Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

Приемот на Македонија во НАТО, ќе придонесе и за стабилизација на Балканот, како и услови за демократски и економски развој на сите држави од регионот.

Општиот политички и граѓански консензус, се гаранција дека Македонија ќе продолжи со демократските реформи и ќе етаблира систем на владеење на правото, како и целосно почитување на основните човековите права и слободи.

Последни Активности

22.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

Во овие исклучително сложени и тешки предизвици со кои се соочуваме и како нација и држава, мораме да се сплотиме и многу поединствени и цврсти да чекориме напред.

прочитај повеќе...

19.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АБОЛИЦИЈАТА Е ПОНИШТЕНА

Демократскиот сојуз укажува на тоа дека Врховниот суд во Грција, својата одлука за одбивање на барањето за екстрадиција за Бошковски и Грујовски ја заснова на поништена одлука за аболиција.

прочитај повеќе...

03.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ

Демократскиот сојуз смета дека слободата на печатот е круцијална  за развој на демократијата и јакнење на основните човекови права и слободи, вклучително и како можност секој граѓанин слободно да го искаже својот став.

прочитај повеќе...

01.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БОРБАТА ЗА ПРАВА ПРОДОЛЖУВА

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита 1-ви Мај, Денот на работничката класа, кога на овој ден во Чикаго, во 1886 година, се организираа масовни демонстрации за правата на работниците.

прочитај повеќе...

28.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:КОНСЕНЗУС ЗА СТРАТЕШКИТЕ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

Силната меѓународна поддршка на Република Македонија и позитивните оценки за демократските промени,се историска шанса сите политички партии да седнат заедно на маса и да дефинираат стратегија за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Република Грција...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners