Демократски сојуз: Македонија чекори напред

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

Пратениците и сите граѓани се соочуваме  со сериозни предизвици и сурова реалност, но после драматичниот вчерашен ден, денес веруваме дека сите сме попаметни и помудри, затоа што Македонија ќе чекори напред, како држава на Македонскиот народ и сите грѓани, модерна, европска и држава во која ќе се создадат услови за младите да создаваат и творат во Македонија.

Во подготовката на амандманите треба да  се вклучат сите експерти и преставници на партиите, се со цел, да се обезбеди и зацврсти македонскиот национален идентитет, јазикот и другите посебности.

Време и опозицијата да ги преиспита своите ставови и постапки и да се вклучи во процесите кои отвораат перспективи за Македонија и значат мир, стабилност и безбедност, како клучни предуслови за економски развој и достоинствен живот.

Потребно ни е единство, сплотеност  разумно и мудро однесување.

Последни Активности

17.12.2018

Демократски сојуз:  Амнестија по завршување на судскиот процес

Демократскиот сојуз во целост ја поддржува имплементацијата на Договорот помеѓу Македонија и Грција, како и обидите за обезбедување на парламентарно мнозинство (2/3), неопходно за уставните промени.

прочитај повеќе...

03.12.2018

Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

прочитај повеќе...

30.11.2018

Демократски сојуз: Најостра осуда за прислушувањето на ЈО

Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела.

прочитај повеќе...

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners