Обраќање на Павле Трајанов, претседател на ДС, на митинг на коалицијата „За подобра иднина“ во Охрид

04.03.2013

Обраќање на Павле Трајанов на митинг на коалицијата „За подобра иднина“ во Охрид

Од овде, македонскиот Ерусалим -Охрид, можеме слободно да објавиме дека нема повеќе “отпор“, бетонот се распрска, овој народ е потврда дека сме на прав пат, дека имаме голема поддршка од народот, од граѓаните.

Почитувани,
Ова не е само коалиција на триесетина партии, ова е народно, граѓанско движење, ова е сплотување, ова е силна манифестација на национално единство. Оваа мултиетничка коалиција е ГАРАНТ за стабилна, демократска, независна и унитарна Македонија. Овие луѓе што стојат пред Вас, секогаш тргнуваат од националните, стратешките, државните и интересите на граѓаните.

Времето на тие што со трикови, со манипулации, со насилство, сакаат да се вратат на власт одмина... Одговорот спрема нив ќе биде силен и преку митинзите, но на 24 март, ќе победат граѓаните и тогаш ќе види опозицијата што значи одговорност и посветеност. Не со 3:0 службено, туку, преку натпревар, политички натпревар ќе ја поразиме опозицијата, ќе ги поразиме сите тие што се обидуваат преку хаос да се вратат на власт.

За Демократскиот сојуз, нема алтернатива, oваа голема шанса која сите ние ја создадовме треба да ја искористиме, треба сите заедно да ги отвориме портите на ЕУ и НАТО и тоа наскоро ќе се случи.

За сите нас, врвни принципи се: владеење на правото, силни демократски институции и пазарна економија.

И за Владата, но и за градоначалниците во наредниот период, приоритет ќе биде да се обезбеди побрз, подинамичен економски развој во целина и во секоја општина пооделно.

Само преку создавање услови за отворање на НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, младите ќе останат овде, во Македонија.

Секој што сака преку власт да дојде до пари, до богатство, не му е местото со нас и тука, нема да има пардон за никого.

Да му се заблагодариме на досегашниот градоначалник Петрески,
На Охрид му треба нов човек, на Охрид треба да му се врати сјајот. На Охрид му треба развој, На Охрид му требаат туристи.

Од овде тргнува победничкиот караван. Овде на 24 март, ќе славиме голема победа, Охриѓани ќе слават, заедно со својот нов градоначалник Никола Бакрачески.

На 24 март освен за градоначалници, ќе се изјасниме референдумски и за политиките кои ги спроведува Владата. После 24 март, опозицијата ќе бега како ѓавол од крст, за предвремени парламентарни избори.

На 24 март, Гласајте за дела, Гласајте за Македонија, Гласајте за Европска Македонија.

partners partners partners partners partners partners