Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: На 11ти декември режимот ќе биде поразен и "треснат" од земја

09.12.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: На 11ти декември режимот ќе биде поразен и "треснат" од земја

„Вечерва овде во Карпош завршуваме со предизборните митинзи, овде во Карпош објавуваме дека е крај на режимот, на разулавените банди кои газеа се пред себе, сееа страв и грабаа од народот. Дојде време за отчетност и одговорност.

Илјадници граѓани на Скопје, од овде од Карпош, секојдневно се сливаа пред СЈО  и громогласно извикуваа"СТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА." Власта не го слушаше гласот на народот, затоа на 11- ти декември, режимот ќе биде поразен и "треснат" од земја“, - рече Павле Трајанов, на митингот во Карпош.

Коалицијата за промени и правда, бара поддршка за стабилност, единство и сплотеност, за владеење на правото и одговорно владеење.

Најавуваме еднакви бизнис услови, поголема минимална плата, проекти за младите,  реформи во судскиот систем, влез во НАТО и ЕУ, реформи во образованието и укинување на екстерното тестирање, конфискација на криминално стекнатиот имот и одговорност. За година дена ќе расчистиме со политичката мафија.

Со масовно излегување ќе го срушиме овој режим.

Гласајте за бројот 5, за искусни и докажани кандидати, гласајте за стабилност.

Слободан Богоевски повика со референдумско изјаснување, можеме оваа криминална банда да ја испратиме на буништето на историјата. Многу зло направија и заслужуваат големо НЕ.

Гласајте за промени, за европска Македонија.

partners partners partners partners partners partners