Коалиција за Промени и Правда: Богоески во посета на Гевгелија

09.12.2016

Коалиција за Промени и Правда: Богоески во посета на Гевгелија


Носителот на листата во Изборната Единица број 4 на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА Слободан Богоески, вчера беше во посета на Гевгелија и гевгелиските населени места, при што оствари средба со граѓаните. 

На прес  конференцијата што се одржа упати повик до сите граѓани на Република Македонија масовно да излезат на гласање во недела на 11 декември. 

Укажа на значењето на масовната излезеност, споредувајќи ги овие избори со референдумот од 1991. 

Изборите ќе бидат помеѓу народот од една страна и криминалците на власт од друга. 

Очекувам масовна излезеност и голем успех на Коалицијата за Промени и Правда кој воедно ќе биде и успех на целата опозиција.

partners partners partners partners partners partners